• среда, 15 мај 2024

Шаќири: Ученичкиот и студентскиот стандард ќе продолжат да се унапредуваат преку работната група МОН – Млади

Шаќири: Ученичкиот и студентскиот стандард ќе продолжат да се унапредуваат преку работната група МОН – Млади
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - За сите акутелни прашања кои ги засегаат учениците и студентите во државата, како и за креирање на нови младински политики, мерки и активности со кои ќе се унапредуваат ученичкиот и студентскиот стандард, и натаму ќе се дискутира на состаноците на работната група МОН – Млади, која се покажа како исклучително ефикасна во изминатиот период. Ова, како што информираат од МОН, го истакнал министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со претставници на Младинскиот образовен форум, организација која е дел од работната група МОН – Млади. Тој рекол дека младите отсекогаш биле и остануваат клучен партнер на МОН во заложбите за обезбедување на што подобри услови за учење и студирање во земјата. Како што потенцирал, гласот на младите е најважен, бидејќи, според него, тие најдобро знаат што им е потребно за поквалитетен ученички, односно студентскиот живот и затоа за секоја нивна иницијатива и сугестија вреди да се дискутира. Во работната група МОН-млади учествуваат претставници на младинските организации, Универзитетско студентско собрание и Сојузот на средношколци. сст/лв/    

Остани поврзан