• петок, 05 декември 2025

Шајн: Создавање услови за достоинствен живот на секој граѓанин на Охрид

Шајн: Создавање услови за достоинствен живот на секој граѓанин на Охрид

Охрид, 15 октомври 2025 (МИА) – Сет мерки за намалување на финансиската тежина врз домаќинствата и создавање услови за достоинствен живот за секој граѓанин на Охрид. Тоа денеска пред граѓаните го вети кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата, Асен Шајн.

- Субвенционирање на данокот од 5 проценти од ДДВ за вода за пиење, собирање отпад и одведување отпадни и атмосферски води и гробарина. Со оваа мерка ќе обезбедиме финансиско олеснување за сите физички лица преку поврат или субвенционирање на дел од износот на ДДВ за потрошена вода за пиење. Тоа е практичен чекор со кој дирекно ќе се намалат месечните сметки на нашите граѓани. 100% субвенционирање и ослободување од обврските за основни комунални услуги за социјално-ранливи категории. На граѓаните изложени на социјални ризици и социјално загрозени семејства, семејства со хендикепирани лица, лица со посебни потреби и лица со ретки болести ќе им овозможиме целосно ослободување од плаќање на трошоците за вода за пиење, собирање отпад, одведување атмосферски и отпадни води и гробна такса. Оваа мерка е наш начин да покажеме дека локалната самоуправа може и мора да биде човечна и солидарна, истакна Шајн.

Шајн за пензионерите со примања до висина на просечна пензија најави исплата на еднократен надомест од 2500 денари.

- Тоа е дирекна финансиска поддршка за оние кои најмногу ја чувствуваат економската неизвесност и покачувањата на трошоците за живот. Со овие мерки обезбедуваме поголема социјална правда, стабилност и достоинствен живот за сите наши охриѓани. Верувам дека вистинската политика започнува со грижата за луѓето, додаде Шајн. аб/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан