• недела, 21 јули 2024

Шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ најуспешен на екипните младински првенства

Шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ најуспешен на екипните младински првенства

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) – Шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ од Скопје е најуспешен на екипните младински првенства во шах кои беа комплетирани со одигрување на преостанатите кола за сезоната 2023.

Шахистите на Гамбит Асеко СЕЕ ги освоија титулите во возрасните категории до 14 и 16 години.

Шаховскиот клуб Капабланка беше најуспешен во категоријата до 12 години, додека шахистите на Алкалоид ја освоија титулата во категоријата до 18 години.

На првенствата настапија вкупно 280 шахисти распоредени во 48 екипи.

-Радува што и оваа година бројот на учесници е во пораст, се надеваме дека така ќе продолжиме и се поголемиот број на учесници на овие младински првенства и неуморната работа на сите шаховски работници, ќе нè доведе и до подобар квалитет и подобра иднина за македонскиот шах, соопшти попладнево Шаховската федерација на Македонија (ШФМ).

Конечен пласман:

Категорија до 12 години:

ШК Капабланка – Скопје

ШК Алкалоид – Скопје

ШК Ласкер – Охрид

Категорија до 14 години:

ШК Гамбит Ассеко СЕЕ – Скопје

ШК Алкалоид – Скопје

ШК Куманово – Куманово

Категорија до 14 години:

ШК Гамбит Ассеко СЕЕ – Скопје

ШК Алкалоид – Скопје

МШК Центар – Скопје

Категорија до 16 години:

ШК Гамбит Ассеко СЕЕ – Скопје

ШК Шах Шех – Битола

ШК Алкалоид – Скопје

Категорија до 18 години:

ШК Алкалоид – Скопје

МШК Центар – Скопје

ШК Ласкер – Охрид.ег/фф/

Фото: Шаховска федерација на Македонија (ШФМ)

Остани поврзан