• петок, 15 ноември 2024

Човечки фактор причина за три пожари денеска во Општината Кавадарци

Човечки фактор причина за три пожари денеска во Општината Кавадарци

Кавадарци, 8 октомври 2023 (МИА) - Човечки фактор била причината за три пожари денеска во Општината Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Денеска благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Кавадарци, на три локации на отворено - ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште - Кошани, е спречено ширење на пожари без поголема материјална штета. Инаку, според информациите кои ги имаме од терен, човек е причината за предизвикување на истите, соопштија од градоначалничкиот кабинет. 

Оттаму апелираа до населението за внимателност, со цел превентивно да се влијае и да се спречи евентуално настанување на пожар. свд/вг


Фото : фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан