• понеделник, 23 декември 2024

Читаку: Послушниците на косовскиот премиер се однесуваат како неодговорна опозиција

Читаку: Послушниците на косовскиот премиер се однесуваат како неодговорна опозиција

Приштина, 14 декември 2023 (МИА) – Потпретседателката на најголемата парламентарна опозициска партија во Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Влора Читаку изјави дека „единствено нееднаквоста, инфлацијата, миграцијата и заедницата (на српски општини) забележаа подем“ во текот на владеењето на партијата на премиерот Албин Курти, Движење самоопределување (ВВ), јави дописникот на МИА  од Приштина.

Одговарајќи на вчерашната изјава на вицепремиерот Бесник Бислими дека „косовската опозиција се координира со Србија“ во однос на преговорите меѓу Приштина и Белград, Читаку на својата страница на Фејсбук напиша дека ВВ, „во недостиг на резултати“, сега се занимава со клеветење.

- Подредените на премиерот продолжуваат да се однесуваат како неодговорна опозиција. Вчера, меѓу многуте шпекулации и невистини, еден од нив ја обвини опозицијата за координација со Србија. Искрено, на која планета живеат? Во тотално отсуство на резултати во владеењето, експонентите на ВВ се вратија во својот најудобен хабитат; во калта на клеветите. Почитувани, единствено нееднаквоста, инфлацијата, миграцијата и заедницата забележаа подем за време на вашата влада, напиша поранешната шефица на косовската дипломатија и амбасадорка на Косово во САД. иа/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан