• вторник, 26 ноември 2024

Четири членки на НАТО предупредија дека ќе ја затворат својата граница со Белорусија во случај на инциденти

Четири членки на НАТО предупредија дека ќе ја затворат својата граница со Белорусија во случај на инциденти

Варшава, 28 август 2023 (МИА) – Четири земји членки на НАТО и ЕУ: Полска и трите балтички држави-Литванија, Летонија и Естонија, денеска предупредија дека ќе ги затворат своите граници со рускиот сојузник Белорусија во случај на какви било воени инциденти или силен притисок од мигранти под влијание на Минск.

Министрите за внатрешни работи на четирите земји во заедничка изјава соопштија дека забележуваат растечки тензии на границите на НАТО и на Европската унија со Белорусија, која прими илјадници платеници од руската паравоена група „Вагнер“ и ги охрабрува мигрантите од Блискиот Исток и Африка за влез во ЕУ и покрај бариерите.

Четири членки на НАТО и ЕУ, кои ја поддржуваат Украина во борбата против руската инвазија, побараа од властите на Белорусија веднаш да ги отстранат платениците на групата „Вагнер“ од нејзината територија.

НАТО членките, исто така, побараа од Минск да ги отстрани мигрантите од пограничните области и да ги врати во нивните матични земји, предупредувајќи дека ќе следи брза реакција во случај на воен инцидент или голем прилив на мигранти.

Минатонеделната ненадејна смрт на лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во авионската несреќа во Русија, покрена прашања за иднината на платеничката паравојска, која полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински ја опиша како „исклучително опасна“ и „деморализирана“. Тој, исто така, кажа  дека платениците на „Вагнер“ претставуваат закана за граѓаните на Белорусија и за целиот регион.

Според декретот од петокот, објавен на веб-страницата на Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин им наредил на борците на „Вагнер“ да потпишат заклетва за верност кон руската држава. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан