• петок, 26 април 2024

Сончево и топло до 29 степени

Сончево и топло до 29 степени

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. лв/са/

Остани поврзан