Светска банка ќе презентира извештај за Западен Балкан „Заживување на растот“
- Светска банка денеска организира презентација на 25-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловен „Заживување на растот“.
![Светска банка ќе презентира извештај за Западен Балкан „Заживување на растот“](https://mia.mk/images/20240410172701_big_730x400_33.webp )
Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Светска банка денеска организира презентација на 25-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловен „Заживување на растот“.
Извештајот ќе го претстават Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист, Јоана Маџоска, економист и Мега Муким, виш урбан економист при Светска банка.лв/нд/
фото: МИА архива