• недела, 22 декември 2024

Четворица јапонски министри поднесоа оставки поради скандалот со собирање средства

Четворица јапонски министри поднесоа оставки поради скандалот со собирање средства

Токио, 14 декември 2023 (МИА) - Четворица министри во јапонската влада денеска поднесоа оставки поради скандал со собирање средства во кој е вмешана најмоќната фракција на владејачката партија.

По информациите дека повеќе од 500 милиони јапонски јени, односно 3,1 милиони евра исчезнале од партиските фондови во период од пет години, од 2019 до 2022 година, главниот секретар на кабинетот и портпарол на Владата, Хироказу Мацуно поднесе оставка. Се смета за десна рака на Кишида.

Оставки поднесоа и министерот за економија и индустрија Јасутоши Нишимура, министерот за внатрешни работи Џунји Сузуки и министерот за земјоделство Ичиро Мијашита, а се очекува до крајот на денот да биде објавено кој ќе ги замени. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан