Четворица повредени при пад на лифт во болница во Атина
- Четири лица се повредени, откако, од засега непознати причини, паднал лифт во атинската државна болница „Црвен крст“, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 9 јануари 2025 (МИА) – Четири лица се повредени, откако, од засега непознати причини, паднал лифт во атинската државна болница „Црвен крст“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според првичните информации повредени се двајца болничари од возило на брза помош на приватна клиника, еден пациент и неговиот придружник и неофицијално нивната здравствена состојба е под контрола.
Претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници Михалис Јанакос за информативниот портал „Еникос“ објасни дека несреќата се случила во старото крило на болницата, дека четворицата најверојатно се полесно повредени. ср/ми/