Четворица кандидати за тренер на Чикаго булс
- Раководството на НБА лигашот Чикаго булс го скрати списокот на претенденти за тренерската функција по интервјуата со неколку кандидати.

Чикаго, 22 септември 2020 (МИА) – Раководството на НБА лигашот Чикаго булс го скрати списокот на претенденти за тренерската функција по интервјуата со неколку кандидати.
„Биковите“ беа воодушевени од интервјуата со Вес Анселд-јуниор, Ајме Удок, Дарвин Хем и Кени Аткинсон, објави „ The Athletic“.
Помошникот тренер на Филаделфија, Удока првично се сметаше за фаворит, но Анселд-јуниор од Денвер влезе во сериозна конкуренција по успешниот плејоф на неговиот тим. зс/