• среда, 14 мај 2025

Честитка по повод Велигден од МД „Илинден“, МАЕИ и градоначалникот на Пустец

Честитка по повод Велигден од МД „Илинден“, МАЕИ и градоначалникот на Пустец

Дебар, 20 април 2025 (МИА) - По повод Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, честитка до верниците упатија македонското  друштво „Илинден“-Тирана, партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и градоначалникот на Пустец.

-Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, а во нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отворете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас. Честит и вековите Велигден,  стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај. 

И единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ упати искрени честитки по повод Велигден.

-Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Нека Велигден ни донесе мир, љубов и нова надеж. Да се радуваме со блиските и да ја славиме светлината на животот. Ви посакуваме  достојно празнување на овој светол ден, кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг, да го почитуваме семејството и блиските и да ја имаме силата која ни ја дава верата, посакува  МАЕИ во честитката.
Од свое и од име на општинската администрација и Советот на општината честит Велигден посака и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.
-Нека овој свет ден биде исполнет со мир, љубов и благослови за вас и вашите најблиски. Нека се воскресне надежта, радоста и светлината во нашите срца. Честит Велигден, стои во честитката на градоначалникот Колефски. вт/вг/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан