Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод Денот на учителот и албанското училиште
- Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши упати честитка по повод празникот 7 Март – Денот на учителот и албанското училиште.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши упати честитка по повод празникот 7 Март – Денот на учителот и албанското училиште.
- Дозволете ми да изразам искрена почит кон сите наставници кои со посветеност и љубов ги оформуваат идните генерации. Вашата благородна заложба е патоказ за нашите успеси и развојот на општеството. Образованието е света дејност и моќно оружје за промена на светот, затоа учителите имаат најголема заслуга за секој напредок во општеството, се вели во честитката од Гаши.
Гаши упатува уверување дека Собранието на РСМ секогаш ќе биде посветено на поддршката на учителите, со цел да се обезбедат подобри услови за развој на образованието.
- Секој час што го држите е инвестиција за подобра иднина на нашите деца. Затоа ви благодарам и честит празик!, се влеи во честитката од Гаши. цр/ац/
Фото: МИА архива