• недела, 22 декември 2024

Честитка од потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод 23 Октомври

Честитка од потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод 23 Октомври

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.

-Денес го славиме денот на основањето на Македонската револуционерна организација, денот кој останува врежан во колективната меморија на македонскиот народ и денот кога е направен првиот чекор до создавањето на македонската држава. Овој ден е симбол на почетокот и ден кога се поставени темелите, ден кога се потсетуваме на истрајноста и пожртвуваноста, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност. Македонската револуционерна организација е потсетник и мотив за битките и искушенијата со кои се соочуваме секојдневно, сплотени во борбата кон подобра заедничка иднина која само со верба и почит едни кон други ќе ја создаваме за генерациите кои доаѓаат, наведува  Стоилковиќ  во честитката. мч/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан