• петок, 22 ноември 2024

Челино: Може да ни одземат бодови ако сакаат, јас ја сносам целата одговорност

Челино: Може да ни одземат бодови ако сакаат, јас ја сносам целата одговорност
Рим, 12 април 2020 (МИА) - Претседателот на Бреша, Масимо Челино, нема да дозволи неговиот тим да влезе на теренот оваа сезона. - Повторувам дека ако лигата повторно ги продолжи натпреварите, едноставно нема да дозволам мојот тим да игра. Ова не е само провокација. Тие можат да ни ги одземат бодовите ако сакаат, јас ја сносам целата одговорност за ова. Гледам премногу себичност и премногу луѓе кои се обидуваат да ја искористат оваа ситуација. Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито сака да ја продолжи сезоната? Ги слушам само оние што заслужуваат да бидат слушани. Сериозно, нека се прошета низ Бреша и да видат што се случува овде. Не барам никакви предности и не се плашам од испаѓање во Серија Б, затоа што знам дека клубот нема да банкротира, и ќе го вратиме нашето место во италијанскиот шампионат, изјави Челино. Италијанската Серија А е во прекин поради пандемијата на коронавирус. зс/

Остани поврзан