• недела, 12 мај 2024

Челзи ќе му понуди нов договор на Палмер

Челзи ќе му понуди нов договор на Палмер

 

Лондон, 4 април 2024 (МИА) – Челзи планира да му понуди нов договор на играчот од средниот ред Кол Палмер, објави лондонски Телеграф.

Според истиот извор, раководството на клубот од западен Лондон сака да го награди 21-годишниот англиски репрезентативец за добрите игри оваа сезона со продолжување на соработката.

Палмер дојде во Челзи од Манчестер Сити во септември минатата година.

За „сините“ забележа 35 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 12 асистенции. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан