• вторник, 07 мај 2024

Чави: Продолжуваме да се бориме, ќе следиме што прават Жирона и Реал

Чави: Продолжуваме да се бориме, ќе следиме што прават Жирона и Реал

Барселона, 24 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави, по денешната победата над Хетафе (4:0) во 26. коло од Ла Лига, рече дека неговите избраници не се откажуваат од трката за шампионскиот трофеј.

- Изгледавме како една целина и со интензитет одговоривме на поставеноста на нашите противници. Можевме да најдеме слободни зони. И благодарение на ова беа постигнати голови. Не фрламе пешкир и продолжуваме да се бориме. Уште 12 натпревари. Ќе следиме што прават Жирона и Реал, изјави Чави по натпреварот.

Барселона ја освои втората победа во низа во Ла Лига. Каталонците се искачија на второто место во првенствениот поредок со 57 бодови, пред Џирона (56 бодови и еден натпревар помалку). Лидер е Реал Мадрид со 62 бода и натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан