• четврток, 09 мај 2024

Чави не сака да го пушти Обамејанг во друг клуб

Чави не сака да го пушти Обамејанг во друг клуб
Барселона , 18 август 2022 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави не сака да го пушти Пјер-Емерик Обамејанг да замине во друг тим. Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челзи е сериозно заинтересиран за трансферот на напаѓачот. Во блиска иднина, клубот сака лично да разговара за условите на договорот со фудбалерот. Сепак, Чави смета на Африканецот и не размислува за трансфер ова лето. Обамејанг му се приклучи на шпанскиот клуб во јануари 2022 година. На 23 натпревари за клубот, тој постигна 13 гола и една асистенција. Има важечки договор до летото 2025 година. зс/

Остани поврзан