• петок, 10 мај 2024

Чави: Да победеше Барса против Алмерија, во 23 кола ќе го прикажеше најдобриот резултат во историјата на Ла Лига, малку се зборува за тоа

Чави: Да победеше Барса против Алмерија, во 23 кола ќе го прикажеше најдобриот резултат во историјата на Ла Лига, малку се зборува за тоа

Барсеона, 2 март 2023 (МИА) – Тренерот на Барселона, Чави смета дека успехот на неговиот тим оваа сезона е потценет. Тој зборуваше за ова пред полуфиналето од Купот на Шпанија против Реал Мадрид.

- Имаме златна можност. Ова е нашиот менталитет. До овој момент добро се боревме, истото ќе го направиме и против Реал Мадрид. Барса сака да го покаже нашиот модел на игра. Ние сме на вистинскиот пат. Совршено го познавам клубот и околината околу него. Разбирам од каде доаѓа критиката. Тоа не ме засега. Се надевам дека и играчите кои имаат одлична сезона. Да победевме против Алмерија, по 23 кола ќе го прикажевме најдобриот резултат во историјата на Ла Лига. Малку се зборува за ова. Пропуштивме голема шанса и мора да се критикуваме, да. Но, ние сме во добра ситуација, изјави Чави.

Реал Мадрид и Барселона се среќаваат вечер на „Сантијаго Бернабеу“ во полуфиналето на Купот на кралот. Реваншот ќе се одигра на 5 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан