• понеделник, 07 октомври 2024

Чави верува дека Камп Ноу може да биде домаќин на финалето на СП 2030

Чави верува дека Камп Ноу може да биде домаќин на финалето на СП 2030

Барселона, 8 октомври 2023 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави е уверен дека стадионот „Камп Ноу“ на кој играат Каталонците би можел да биде домаќин на натпреварот за трофејот на Светското првенство во 2030 година.

- Форматот на турнирот е невообичаен, но Барселона ќе го има најголемиот стадион во земјата. Па зошто да не се одржи финалето овде? – изјави Чави за „АС“.

На 4 октомври ФИФА објави дека Светското првенство во 2030 година ќе се одржи на три континенти и шест држави: Аргентина, Уругвај, Парагвај (Јужна Америка), Шпанија, Португалија (Европа) и Мароко (Африка).

Следното Светско првенство ќе се одржи во 2026 година, а домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан