• сабота, 27 јули 2024

Чави: Бускетс останува витален играч за Барселона

Чави: Бускетс останува витален играч за Барселона
Барселона, 19 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Барселона Чави го сподели своето мислење за играта на фудбалерот од средниот ред Серхио Бускетс. - Тој е сè уште многу важен за нас. Ќе има натпревари на кои ќе игра помалку или воопшто нема да игра, но останува витален играч за тимот. Имаме многу добра атмосфера во соблекувалната, сите се вклучени во процесот, изјави Чави за „Мундо Депортиво“. Триесет и четиригодишниот Шпанец оваа сезона одигра седум натпревари во Ла лига за Барселона и се уште нема постигнато гол. По девет кола од Шпанското фудбалско првенство го зазема второто место во поредокот со 22 бода. зс/

Остани поврзан