• среда, 15 мај 2024

Изминатото деноноќие три пожари на отворено, на 112 во ЦУК регистрирани 1.482 повици

Изминатото деноноќие три пожари на отворено, на 112 во ЦУК регистрирани 1.482 повици

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Изминатото деноноќие имало три пожари на отворено, вкупно 1.482 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и едно комбинирано интервенирање за пренесување на починат планинар од планината Пелистер до пристапен пат за понатамошна постапка, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Оттаму посочуваат дека имало и задоцнети повици за санирање ситуации предизвикани од силен ветар во саботата.

-Во Скопско, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:30 часот до 19:00 часот  со две противпожарно возила и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од еден хектар во атарот на село Љубин во Општина Сарај. Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани од 16:00 до 16:30 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од два хектари помеѓу селата Кривогаштани и Врбјани. Од ТППЕ Битола од 18:49 до 22:10 часот со двајца пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Петилеп“ во атарот на село Беранци во Општина Могила, соопштуваат од ЦУК.

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.482.

-„Реални“ повици за итни случаи имало 37,99 отсто. Имало 62,01 отсто други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 43,03 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 43,03 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 2,42 отсто. Кон ЦУК имало 11,52 отсто од итните реални повици за комбинирано решавање, што е над просекот повци, што вообичаено се движи од 3 отсто до 10 проценти што ги решава, секако заедно со 62,01 отсто други, именувани и како „неитни повици“, ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, информираат од ЦУК.

За пренесувањето, односно извлекувањето на починатиот планинар од планината Пелистер,  Регионалниот ЦУК Битола информира дека од МВР- СВР Битола вчера (19.11.2023 година)  прво  во 12:50 часот, добиле известува  дека на 500 метри над  месноста Ловечка куќа на планината Пелистер - на тешко пристапен терен има починато лице (планинар). Се работело за повозрасно лице од Скопје. Од РЦУК  Битола веднаш се известени ДЗС  Битола коишто имаат тим за интервенции  во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до најблиското место каде можело да дојде соодветно возило да го преземе. За подобра координација е направен контакт помеѓу дежурните лица во МВР-СВР Битола и ДЗС ПО Битола.

- Местото каде било пронајдено лицето (телото) било околу  2.000 метри надморска височина. Помеѓу 14:30 и 15:00 часот, е испратена  екипа на терен да го подигне телото на починатиот планинар и да изврши увид од страна на МВР. Екипата била составена од четири члена од тимот на ДЗС Битола за брзи интервенции, претставник на МВР и вработен  од Итна медицинска помош од Битола. Во 18:10 часот, телото на починатиот планинар било донесено до асфалтен пат од каде што со специјализирано возило било транспортирано, согласно процедурите за ваков случај, соопштуваат од ЦУК. дма/са/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан