• сабота, 20 јули 2024

ЦУК: Не наидовме на жаришта за пожар на „Јасен“, контролата продолжува

ЦУК: Не наидовме на жаришта за пожар на „Јасен“, контролата продолжува
Скопје, 12 август 2021 (МИА) - Француските експерти за високо ризични пожари и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов заедно со полициските специјалци денеска беа во природниот резерват „Јасен“, каде имаше дојава за чад и за можни жаришта на пожари. -Не наидовме на жаришта за пожар, иако утрово имавме дојава за мал чад на врвовите над „Јасен“. Но, контролата на теренот по највисокиот срт продолжува од страна на македонските полициски специјалци и француските експерти за високоризични пожари, соопшти ЦУК. За попладнево во 17 часот е предвидена прес-конференција на ЦУК, на која ќе бидат презентирани информации за  пожарите. мд/лв/  

Остани поврзан