• недела, 22 декември 2024

ЦУК: Кон 112 имало 1 697 повици, во последното деноноќие немало пожари на отворено на територијата на државата

ЦУК: Кон 112 имало 1 697 повици, во последното деноноќие немало пожари на отворено на територијата на државата

Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 697 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот. Од вклупниот број на повици, како што посочуваат од ЦУК, „реални“ биле 61,26 отсто, а 38,74 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Како што соопштуваат од ЦУК, кон полицијата биле упатени 72,27 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 21,83 отсто, а кон пожарникарите 1,77 отсто од реалните повици упатени кон 112 во ЦУК.

-Инаку, имало 645 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), велат од Центарот.

ЦУК информира дека во последното деноноќие немало пожари на отворен простор, туку само пожари во населени места кои, како шѓто велат, сите биле изгаснати.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека заради реконструкција и изведување градежни работи на патниот правец Крушево-Прилеп, сообраќајот се одвива отежнато на одреден  дел, по алтернативен земјен пат.

Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, но се уште по една коловозна лента. Од страна на граѓаните кои протестираат е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП „Водовод Кочани“, но не и возила од други општини.

Викендов се препорачува граѓаните, кои ќе патуваат или шетаат по планините, да имаат предвид дека времето ќе биде проследено со дожд, а снег на повисоките места.Од ЦУК препорачуваат на претпазливо движење покрај реките, пред се, во јужните, југоисточните и западните делови на земјата.

Потоа, се прогнозира од УХМР дека до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини. фф/ев/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан