ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани
- Во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во село Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.

Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) - Во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во село Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.
Од ЦУК соопштија дека преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.
- Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители, соопштија од ЦУК.