ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
- Под контрола се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени.
Скопје, 26 август 2025 (МИА) - Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот на територија на државава. Нема активни во моментов, три се под контрола, останатите се изгаснати, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени. Во „Јасен“ опожарена е мешана шума. На планината Кожуф има приземен пожар. Мешана шума е опожарена и во подрачјето на селата Долгаец и Стровија.
Изгаснатите пожари биле во регионот на општините Брвеница, Врапчиште, Гази Баба, Долнени, Куманово, Прилеп и Струга. бд/аа/
Фото: МИА архива