• недела, 12 мај 2024

ЦУК: Активен пожар во општина Чашка

ЦУК: Активен пожар во општина Чашка

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Од 15:40 часот има активен пожар над село Мелница, во месноста викана Ливаѓе во општина Чашка, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЈП „Национални шуми“ – подружница Бабуна - Велес добиено е известување во кое се наведува дека пожарот е на непристапен терен. 

- Можно е во текот на утрешниот ден да се побара и поддршка за гаснење на пожарот од воздух, информира ЦУК. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан