• понеделник, 16 декември 2024

Црна Гора привремено затвора три поглавја од пристапните преговори со ЕУ 

Црна Гора привремено затвора три поглавја од пристапните преговори со ЕУ 

Брисел, 16 декември 2024 (МИА) – Во Брисел денеска ќе се одржи 17-тиот состанок на Меѓувладината пристапна конференција ЕУ-Црна Гора на кој треба привремено да бидат затворени три преговарачки поглавја. 

Станува збор за поглавјата 7 – „Право на интелектуална сопственост“, 10 – „Информатичко општество и медиуми“ и 20 – „Претпријатија и индустриска политика“. 

Црна Гора досега привремено затвори три преговарачки поглавја, додека во исто време преговара по 33 поглавја во преговорите за членство во ЕУ. 

На Конференцијата ќе присуствува и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, кој за време на престојот во Брисел ќе има средби со претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан