• петок, 26 јули 2024

Црвен крст Кавадарци почна со обуки за промоција на хумани вредности

Црвен крст Кавадарци почна со обуки за промоција на хумани вредности

Кавадарци, 21 февруари 2024 (МИА) - Црвен крст Кавадарци започна со обуки за млади од новиот циклус за проекти за промоција на хумани вредности, информираа попладнево од хуманитарната организација.  

- Станува збор за прва обука од новиот циклус на програмата Црвен крст во акција,  промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), за оваа година. Обуката беше маменета за младинците од основните училишта, а ќе се реализираат уште две обуки,  по кои младинците активно ќе се впуштат во изработка на мали проекти и помагање на населението во општината. На оваа обука учествуваа околу 30 младинци и 13 мини ментори предводени од дисеминаторот Даниела Лазовска, соопштија организаторите на настанот. 

Mинатата година Општинската ораганизација на Црвен крст Кавадарци го освои првото место за изработка на мали проекти.

- ЦКА-ПХВ е самостоен проект што функционира во рамките на редовните активности на Црвен Крст на РСМ, а е поддржан од страна на Меѓународниот комитет на Црвен крст, Бирото за развој на образованието и Црвен крст на Република Северна Македонија. Се имплементира уште од 1997 година и ПХВ е проект преку кој младите волонтери стекнуваат соодветна едукација за препознавање на потребите на заедницата,  изработка на проекти и самостојно организирана пракса на терен, преку директна помош на ранливото население, нагласија од Црвен крст Кавадарци. свд/са/


Фото : Црвен крст Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан