• вторник, 25 март 2025

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Црвениот крст почна со исплатата на средства во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.

- Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари, информираат од Црвениот крст.

За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.

Од Црвениот крст додаваат дека заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари. сст/бак/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

Остани поврзан