• вторник, 14 мај 2024

Црвена ѕвезда го отпушти Душко Ивановиќ

Црвена ѕвезда го отпушти Душко Ивановиќ

Белград, 21 октомври 2023 (МИА) – Раководството на белградскиот кошаркарски гигант Црвена ѕвезда вечерва му даде отказ на тренерот Душко Ивановиќ.

Прекинот на разделбата со црногорскиот кошаркарски стручњак доаѓа по серијата слаби резултати на „црвено-белите“ во Евролигата.

Ивановиќ дојде во Ѕвезда во ноември 2022 година. Мината сезона не успеа да избори плејоф во Евролигата по половичниот ефект (17-17 победи-порази).

Во тековната евролигашка сезона, белградските „црвено-бели“ забележаа победа над Асвел на стартот, а потоа следеа три порази (Жалгирис, Монако и Виртус Болоња).

Во српските медиуми како најсериозен кандидат за наследник на Ивановиќ на тренерското место се спомнува Гркот Јанис Сферопулос. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан