• понеделник, 23 декември 2024

Циципас ќе се соочи со Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Париз

Циципас ќе се соочи со Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Париз
Париз, 5 ноември 2022 (МИА) - Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Во два сета тој синоќа го победи Американецот Томи Пол - 6:2, 6:4. Следен ривал на Гркот ќе биде српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Холгер Руне (Данска) и Феликс Оже-Алијасим (Канада). АТП Ролекс Мастерс турнирот во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра. зс/

Остани поврзан