Циципас стигна до третото финале во сезоната
- Шестиот светски рекет Стефанос Циципас го победи Кристијан Гарин на турнирот во Хамбург со 2-1, по сетови 7:5, 3:6 и 6:4.
Хамбург, 26 септембври 2020 (МИА) - Шестиот светски рекет Стефанос Циципас го победи Кристијан Гарин на турнирот во Хамбург со 2-1, по сетови 7:5, 3:6 и 6:4.
Дваесет и двегодишниот Грк стигна до третото финале во сезоната.
Тој пртходно учествуваше на завршниот меч на турнирите во Марсеј и во Дубаи.
За Циципас утрешното финале ќе биде 12. во кариерата. Досега има пет победи.
Противник на Циципас во финалето во Хамбург ќе му биде Андреј Рулев.
Нивниот меѓусебен скор е 1:1. И за Циципас и за Рублев ова ќе биде прва титула од АТП турнирите Серија 500. зс/