• сабота, 18 мај 2024

Циговски: Ристевски да одговори зошто цела година зема плата а го нема на работа

Циговски: Ристевски да одговори зошто цела година зема плата а го нема на работа
Скопје, 10 февруари 2022 (МИА) - Скиjачката федерација на Македонија, во врска со ставовите изнесени од поранешниот македонски олимпиец, скијачот Антонио Ристевски, денес ја информира јавноста за целиот случај. Првиот човек на федерацијата, Огњан Циговски, вели дека кон Ристевски се постапува исто како и кон секој друг вработен без исклучок. Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Циговски -Барањето за произнесување за отсуство од работа испратено до г.Ристовски беше испратено и до сите вработени кои го немаат оправдано отсуството, без исклучок и без оглед на личните и приватните достигнувања во спортот. За жал новото раководство на Федерацијата затекна ваква состојба на непочитување на професионалните работни задолженија од страна на вработените што редовно, секој месец подигаат плата. Од за нас нејасни причини, ваквата состојба била за жал толерирана од претходното раководство. За нас е очекувано што некој, во случајов г.Ристевски, е вознемирен што му се обраќаме писмено и преку овластени правни застапници. Навикнат да се однесува неодговорно, непрофесионално и неетички кон професионалните обврски во федерацијата, наместо да одговори зошто речиси цела година зема полна плата, а го нема на работа, г.Ристевски пласира невистини и дезинформации во јавноста. Со ваквото однесување г.Ристевки нанесува директна штета на македонското скијање бидејќи во негова директна надлежност е реализирањето или прецизно, заради неговото неработење, на нереализирањето, на Националната Програма за развој на скијачките спортови во РСМ. Сега станува многу појасно зошто толку тажно изгледа учеството на само тројца олимпијци од Македонија на зимските олимписки игри во Пекинг. Сега знаеме и дека четвртиот македонски учесник во Пекинг, во улога на тренер, е г.Ристовски. Тој што е лично одговорен за симболичното учество на нашата земја на зимската олимпијада 2022. Новото водство на Федерацијата ќе стави крај на сите вакви и слични девијации во работењето на секој поединец. Претходните успеси и резултати во скијачката кариера, која сега ја продолжува како тренер, го обврзуваат г.Ристевски, со целосна посветеност да им го пренесе своето знаење и искуство на генерациите што ги подготвува. Тука мислиме особено на фер плеј односот, колегијалноста и овозможувањето на простор за реализација на мотивациите и сонот на секој млад човек што сака да успее во белите спортови. За жал, наместо мотивација и масовна поддршка на многу млади таленти, г.Ристовски, селекторот на македонската репрезентација во алпско скијање, избрал да тренира само двајца спортисти со потенцијал да остварат забвележителни Олимписки резултати. Скијачката федерација на Македонија нема да толерира вакво самоволие. Во нашата држава има многу талентирани деца и младинци чијашто искрена поддршка и квалитетни подготовки ќе значат многу поуспешно и позначајно учество на големите натпреварувања и резултати и успеси за Македонија во белите спортиви на задоволство на сите наши граѓани. За крај, ќе ја искористам оваа можност, во мое лично име да ја информирам јавноста. Јас, Огњан Циговски, ги демантирам лагите на г.Ристевски поврзани со Скијачкиот центар Маврово. Имено не само што не му е забрането на ниту еден клуб да тренира, туку на ски – терените во Маврово секојдневно има клубови кои ги одржуваат своите тренинзи и тоа е евидентно и лесно проверливо. Сите тие клубови имаат целосна поддршка од Скијачкиот центар Маврово. Исто како што го поддржувавме и нашиот најголем и најдобар алпски скијач на сите времиња, со години наназад. Затоа што веруваме дека спортот е за спортистите. Притоа не само за еден (најдобриот), туку за сите, стои во обраќањето на Циговски. Реакцијата на Циговски доаѓа по вчерашното соопштение на Ристовски во кое изразува разочарување поради барањето образложение од страна на претседателот на Скијачката федерација на Македонија, Огњан Цигански зошто тој не се појавува на работа. Ристовски преку социјалните мрежи порача дека не може д аоди на работа затоа што се наоѓа на Олимпијадата во Пекинг. зс    

Остани поврзан