• петок, 22 ноември 2024

Цехте пред дуелот со Алборг: Веруваме во прва победа во ЛШ

Цехте пред дуелот со Алборг: Веруваме во прва победа во ЛШ

 

Битола, 27 февруари 2024 (МИА) – Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер со оптимизам го очекуваат утрешниот дуел против Алборг во рамки на претпоследното коло во групата А во Лигата на шампиони.

Десниот бек на битолскиот состав Нејц Цехте денеска во изјава за клупскиот сајт истакна дека Еурофарм Пелистер е подготвен да ја забележи првата победа во групната фаза.

„Едвај го чекаме натпреварот. Тоа ќе биде празник за ракометот и можност да покажеме дека можеме да се носиме со најдобрите. Посакуваме победа и верувам дека можеме во среда да дојдеме до неа“, изјави Цехте.

На две кола до крајот на групната фаза Еурофарм Пелистер е последнопласиран без бодови, а на првиот дуел против Алборг македонскиот тим загуби убедливо со 38-23.

„Првиот меч дозволивме да влеземе во нивниот ритам, но овојпат нема да биде така. Ќе видат како е да се игра пред вистинска публика. Тоа не им и познато, стилот на навивање е целосно различен, па тоа мислам дека ќе биде нашиот адут“, порача Цехте.

Дуелот е на програмата утревечер со почеток во 20:45 часот во салата „Боро Чурлески“. ег ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

 

Остани поврзан