• вторник, 14 мај 2024

Центарот за култура Крива Паланка ги возобновува уметничките секции

Центарот за култура Крива Паланка ги возобновува уметничките секции

Крива Паланка, 29 ноември 2023 (МИА) - Националната установа Центар за култура Крива Паланка објави оглас за пријавување кандидати за учество во креативни, музичко-сценски и уметнички секции и студија во рамки на оваа култура установа. Целта е како што велат, обновување и заживување на сите видови уметнички дејности.

-Вршиме упис во музичко студио, со кое ќе раководи реномиран професионален музичар, ментор, проф. Лариса Жулина - Митовски во секција за староградска музика, каде се негува староградската песна од кривопаланечко со традиционалните вредности од времето на културното живеење во општината, како и упис во студио за модерен балет со кое ќе раководи искусен кореограф, ликовно студио кадешто младите таленти ќе ја изучуваат ликовната уметност под менторство на академскиот сликар, професор Роберт Цветковски и аматерско-драмско студио за деца и возрасни, информираат од НУ Центар за култура Крива Паланка.

Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават во некоја од наведените групи и да ги усовршат своите афинитети и таленти.

-Станете дел од културниот мозаик во нашиот и ваш НУ Центар за култура Крива Паланка, се наведува во објавата од институцијата која работи под капата на Министерството за култура на Република Северна Македонија.ид/бт/

 

Остани поврзан