Цел ден гори и дими црн чад над Велес Градска депонија за комунален смет
- Од Територијалната Противпожарна единица за МИА информираат дека денеска во гаснење на Градската депонија за комунален смет биле отидени неколку екипи со пожарникари, а пред малку се вратила последната.
Велес, 8 август 2025 (МИА) – Од претпладнево се уште гори велешката Градска депонија за комунален смет, а црн чад и тешка миризба на изгорено го покрива градот.
Од Територијалната Противпожарна единица за МИА информираат дека денеска во гаснење на Градската депонија за комунален смет биле отидени неколку екипи со пожарникари, а пред малку се вратила последната.
Во меѓувреме на депонијата на увид на терен се упатил еден пожарникар со едно противпожарно возило. ад/нд/
Фото: МИА архива