Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
- Сообраќајот на граничниот премин Блаце од 09:00 часот е целосно нормализиран за сите видови возила, соопшти АМСМ.
Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - Сообраќајот на граничниот премин Блаце од 09:00 часот е целосно нормализиран за сите видови возила, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на Блаце синоќа привремено беше во застој поради опасност од пожарот што избувна во близина на граничниот премин.
Фото: МИА