• среда, 05 март 2025

Целосно е завршена изградбата на фекална канализација во каменичките села Луковица и Тодоровци

Целосно е завршена изградбата на фекална канализација во каменичките села Луковица и Тодоровци

Македонска Каменица, 5 март 2025 (МИА) -  Завршена е изградбата на фекалната канализација во каменичките села Луковица и Тодоровци, информираше денес градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски. Инвестицијата на Општина Македонска Каменица како што додаде е вредна 2,6 милиони денари.

-Оваа инвестиција на Општина Македонска Каменица, вредна 2.669.491 денари без ДДВ, овозможи изградба на дел од Крак 5 од фекалниот систем, кој со идната доизградба ќе ги опфати и домаќинствата во село Косевица, информираше Атанасовски.

Како градоначалник, останувам посветен на континуираниот развој на нашата општина.

-Продолжуваме со унапредување на условите за поквалитетен живот во сите населени места. Продолжуваме да градиме модерна и развиена Општина Македонска Каменица, додаде Атанасовски.

Со вакви и слични инвестиции како што напомена општината продолжува и во наредниот период. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан