• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гласањето за натпреварот Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“ почнува утре

Гласањето за натпреварот Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“ почнува утре

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Македонската јавност шеста година по ред ќе има можност да гласа за најпопуларен нов автомобил. Националниот избор Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“ се одржува во организација на најстариот македонски медиум за автомобили - „Авто Плус“, во соработка со со-организаторите „Карклуб“ (Carclub), „Карс-бај-Вик“ (CarsByVik) и порталот „РПМ .мк“.

„Од денеска номинираните кандидати ќе се натпреваруваат за наградите, а во конкуренција влегуваат возила коишто се веќе пристигнати или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето. Гласањето почнува утре, на 15 март и ќе трае до 31 март 2025 година - на официјалната страница, каде што секој поддржувач на автомобилската индустрија во Македонија ќе може да го избере својот фаворит на четири тркала“, се наведува во соопштението на организаторите.

Изминатите 45 дена, а и во периодот што следи, споделените искуства и мислењата за секој од автомобилите, организаторите дополнително ќе ги промовираат на своите медиуми.

Листата автомобили оваа година ја сочинуваат 20 модели од различни класи, како и брендови коишто првпат влегуваат во ова гласање. Возилата се распоредени во пет категории: Најпосакуван семеен автомобил, Најпосакуван градски автомобил, Најпосакуван електрифициран автомобил, Најпосакуван премиум-автомобил во Македонија, и главната награда - Најпосакуван автомобил во Македонија.  си/са/

 

Фото: „Авто Плус“

 

Остани поврзан