• четврток, 26 декември 2024

Хутите тврдат дека истрелале хиперсонична ракета врз Израел

Хутите тврдат дека истрелале хиперсонична ракета врз Израел

Сана, 1 декември 2024 (МИА) – Јеменските бунтовници Хути почнаа воена операција против „витална цел“ во централен Израел користејќи хиперсонична ракета, изјави воениот портпарол на групата, Јахја Сареја.

Претходно израелската армија соопшти дека проектил истрелан од Јемен бил пресретнат пред да премине на израелска територија.

Од почетокот на војната во Појасот Газа во 2023 година, Хутите постојано лансираат ракети и беспилотни летала врз Израел во знак на солидарност со Палестинците. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан