Хутите соопштија дека собориле американски дрон над Мариб
- Борците на јеменското движење Ансар Алах – Хутите соборија дрон на американската армија МК-9 Рејпер на небото над централната провинција Мариб во североисточен Јемен, соопшти портпаролот на движењето Јахја Сари.

Сана, 1 јануари 2025 (МИА) – Борците на јеменското движење Ансар Алах – Хутите соборија дрон на американската армија МК-9 Рејпер на небото над централната провинција Мариб во североисточен Јемен, соопшти портпаролот на движењето Јахја Сари.
- Јеменските сили за противвоздушна одбрана соборија дрон МК-9 за време на непријателски напад врз Мариб со проектил земја-воздух, рече Сари, пренесе Ал Џезира.
Според него, соборувањето на дрон од оваа класа е второ во последните 72 часа и 14-то од почетокот на активните непријателства на Хутите за поддршка на палестинскиот отпор во Појасот Газа. јт/
Фото: МИА архива