• понеделник, 24 јуни 2024

Хумелс: Потенцијалот на Санчо е неограничен и со него можеме да го направиме следниот чекор

Хумелс: Потенцијалот на Санчо е неограничен и со него можеме да го направиме следниот чекор
Дортмунд, 11 август 2020 (МИА) - Присуството на Џејден Санчо ќе и помогне на Борусија (Дортмунд) да напредува и добро е што тој ќе остане во тимот, вели Матс Хумелс. Раководството на тимот даде рок до понеделник за можни понуди на 20-годишниот англиски репрезентативец, но такви не стигнаа до клупските канцеларии. - Ова е голема шанса за нас да станеме уште подобри, да го направиме следниот чекор напред. Ова е целта што треба да ја поставиме за претстојната сезона и мислам дека можеме да постигнеме уште повеќе. Санчо е фудбалер кој може да направи разлика помеѓу две екипи на еден натпревар. Неговиот потенцијал нема ограничување и ако сака да го докаже тоа барем уште една година со нас, јас сум задоволен, рече дефанзивецот од предсезонскиот камп во Швајцарија. За Дортмунд се шпекулира дека бара 120 милиони евра за правата на Санчо.

Тагови

Остани поврзан