Еспањол се врати во Ла Лига
- Еспањол вечерва на домашен терен го победи Реал Овиедо со 2:0 во реваншот од финалето на плејофот за пласман во Ла Лига.

Барселона, 23 јуни 2024 (МИА) - Еспањол вечерва на домашен терен го победи Реал Овиедо со 2:0 во реваншот од финалето на плејофот за пласман во Ла Лига.
Двоен стрелец за каталонскиот тим беше Хави Пуадо.
Првата средба заврши со победа на Овиедо со 1:0, па Еспањол со вкупни 2:1 избори учество во најсилната фудбалска лига во Шпанија.
Еспањол по една сезона се врати во Ла Лига. Претходно Леганес и Ваљадолид се пласираа во највисоката дивизија на шпанскиот шампионат. зс/
Фото: ЕПА