• четврток, 04 декември 2025

Хуманитарни настани во организација на кумановскиот Црвен крст

Хуманитарни настани во организација на кумановскиот Црвен крст

Куманово, 9 мај 2025 (МИА) - Кумановскиот Црвен крст викендов организира хуманитарен настан за помош на кумановец и семејство од ранлива категорија, информираа денеска од организацијата и ги повикаа кумановци да учествуваат на настаните.

Активностите се спроведуваат во рамки на програмата Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности.

-Хуманитарниот настан под мотото „Со шепите кон сигурен чекор“ е дел од проектот „Сигурен чекор“ кој има за цел едукација за безбедноста во сообраќај, а воедно и помош на лице засегнато од сообраќајна незгода. На 11 мај, недела со почеток во 12 часот на градскиот кеј ќе се одржи дружба со кучиња која ќе има натпреварувачки карактер. Ги повикуваме сите заинтересирани кои имаат миленици да бидат дел од настанот, повика денеска Никол Ѓорѓевска од Црвен крст Куманово.

Пријавите ќе се пополнуваат на самото место. Собраните средства од котизацијата за учество ќе се донираат на лице со пречки при комуникација и животна социјализација како последица од сообраќајна незгода.

Актвностите продолжуваат во средa на 14 мај во просториите на Занаетчиски дом со почеток од 19:30 часот koga ќе се одржи хуманитарен настан во склоп на проектот „Ритамот на срцето“ кој има за цел помош на семејство од ранлива категорија.

-Цената на билетот изнесува 100 денари, а собраните парични средства ќе бидат искористени за купување на бела техника на социјално загрозено семејство од Куманово. Доколку сте љубители на уметноста на настанот ќе имате можност да слушнете поезија и проза на повеќе јазици, испеани песни од младите таленти како и уметничка изложба, изјави Ѓорѓевска.

Активностите и проекти се дел од националната програма ЦКА-ПХВ односно Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности на која се работи секоја година и во која се вклучени млади од средни и основни училишта. Програмата претставува алатка за регрутација на нови волонтери кои поминуваат основна обука за изработка на проекти и работат два месеци. Годинава има пет проекти кои се наменети за подобрување на квалитетот на животот на маргинализираните групи. ам/ев/

ФОТО: МИА и Црвен Крст Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан