• петок, 05 декември 2025

Хуманитарна акција за собирање храна за ранливи категории граѓани од Охрид и Дебрца

Хуманитарна акција за собирање храна за ранливи категории граѓани од Охрид и Дебрца

Охрид, 15 октомври 2025 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година ја организира традиционалната кампања „Недела на борба против гладта“. Активноста е насочена кон поттикнување на граѓаните, компаниите, фирмите и сите субјекти за активно вклучување на хуманитарната акција за помош на лицата кои немаат доволно средства ниту да се прехранат.

Акцијата што годинава се одржува под тематски наслов „Помислете и на нас“ се организира во рамки на Светскиот ден на храната и Неделата на борба против гладтта од 16 до 22 овој месец. Акцијата ќе ја одбележат активности насочени кон прибирање доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи, за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Во текот на Неделата на борба против гладта во поголемите маркети и самопослуги низ градот ќе бидат поставени пунктови на Црвениот крст, со видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да донираат основни прехрамбени производи.

Од донираните средства и собраните намирници во кампањата ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, што ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.

Од Црвен крст – Охрид упатуваат апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција и согласно можностите дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. аб/са/

фото/плакат

 

Остани поврзан