• недела, 22 декември 2024

Хуманитарен ракометен натпревар „Од срце за Јани" во петок ќе се одржи во Неготино 

Хуманитарен ракометен натпревар „Од срце за Јани

Неготино, 30 март 2024 (МИА) - Во Неготино во петок ќе се одржи хуманитарен ракометен натпревар „Од срце за Јани", во организација на РК „Повардарие", навивачката група „Винари" и активистката Милица Пауновска.

Натпреварот ќе се одигра во петок со почеток од 18:30 часот во спортската сала „Младост” во Неготино. Влезниците ќе чинат 100 денари, а ќе биде поставена и кутија за донација.

Активистката и организаторката Пауновска информираше дека парите од влезниците на натпреварот, ќе бидат донирани за младиот неготинец Јани Иванов, кој се повреди и се лекува во Грција. На хуманитарниот натпревар ќе биде објавен за лицитација дрес на великанот Пепи Манасков и собраните средства ќе бидат донирани. 

-Неготино повторно е епицентар на хуманоста. Сплотени, сите заедно за Јани. Станува збор за  хуманитарен ветерански  ракометен натпревар, каде екипата на поранешно „Повардарие” кое бележеше врвни ракометни резултати и „Македонските асови ветерани”, ќе одиграат пријателски натпревар. Потребни сме му на нашиот сограѓанин. Упатуваме порака до сите, дека, да си хуман, е фраерски, порача Пауновска, која повеќе пати има организирано хуманитарни настани.свд/фф/

Фото: Фејсбук на Навивачка група „Винари”

Остани поврзан