Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во Кавадарци
- Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди (КСРИ) од Кавадарци се одржува денеска во кавадаречкиот спортски комплекс „Јасмин“.
Кавадарци, 25 октомври 2025 (МИА) - Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди (КСРИ) од Кавадарци се одржува денеска во кавадаречкиот спортски комплекс „Јасмин“.
На турнирот, како што појасни Николчо Делов - претседател на КСРИ, покрај нивни членови, учествуваат и претставници на регионалниот еколошки центар „Еко - живот“ и „Лијонс клуб - Тиквеш“.
- Овој турнир е една од многубројните активности што ги организираме со цел подигнување на јавната свест за постоењето и прифаќањето на различностите, истакна Делов.
Тој додаде дека соработката на полето на инклузијата со овие и други субјекти, ќе продолжи и во иднина. Затоа што, како што нагласи, сите луѓе се исти и не треба да се делат по каква било основа.
Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, го прогласи турнирот за отворен. свд/лв/
фото: МИА