• петок, 10 мај 2024

Христијан Нешковски најсреќен на Водици во Демир Хисар

Христијан Нешковски најсреќен на Водици во Демир Хисар

Демир Хисар, 19 јануари 2024 (МИА) - Општина Демир Хисар го одбележа денешниот христијански празник Богојавление – Водици во 19 населени места на територија на општината.

Централната Богојавленска свеченост се одржа во населеното место Мургашево, каде од мостот на Стара Река беше положен светиот крст, а го извади Христијан Нешковски. 

За првото учество на Нешковски и успехот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски, му додели пригодни подароци. мт/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан