• четврток, 16 мај 2024

Христијан Коцев второ засилување на Победа

Христијан Коцев второ засилување на Победа
Скопје, 17 јули 2022 (МИА) - Прилепскиот прволигаш Победа го ангажира и второто засилување во летниот преоден рок. Станува збор за Христијан Коцев кој доаѓа од Македонија Ѓорче Петров.
Како што информираат од клубот, 22-годишниот фудбалер кој настапува по левата страна може да одговори како на дефанзивните така и на офанзивните задачи.
Коцев во Победа доаѓа од прволигашот Македонија Ѓорче Петров, а претходно настапувал за Осогово и Кораби, а на преминот од младински во сениорски фудбал за Кадино.
По Тоше Делов младиот Коцев е второто ново име во тимот на Бабунски, а во наредните денови, како што информираат од клубот, се очекува Победа да го официјализира ангажманот на уште неколку нови засилувања. ар/бк/

Остани поврзан